Почитувани колеги,

Задоволство ни е да Ви поканиме на стручниот состанок  на специјалистите по орална хирургија на Македонија со меѓународно учество, на кој ќе бидат презентирани современи методи кои се практикуваат во тераписки и естетски цели во орофацијалната регија, следејќи ги светските трендови во стоматологијата и желбата за нивно доближување до македонската стручна јавност.

Состанокот ќе се одржи на 28.09.2013 година во хотел Романтик, Стар Дојран.

ПРОГРАМА

09:00-10:00 Регистрација на учесниците
10:00-10:05 Отворање на симпозиумот
10:10-10:45 Доц. д-р. Балиант Молнар ”Нови тераписки можности во третманот на мултипни гингивални рецесии” (Department of Periodontology, Semmelweis University, Budapest, Hungary)
10:45-10.55 Комерцијално предавање
10:55-11:30 Нетковски Ј, Ширгоска Б, Николовски Н. “Ендоскопски пристап во хируршкиот третман на максиларниот синузитис ” (Универзитетска Клиника за оториноларингологија, Медицински факултет – Скопје, Р. Македонија)
11:30-12:00 Кафе пауза
12:00-12:30 Д-р Горѓи Трајковски ”Клинички искуства при имплантолошкиот третман на беззаби вилици” (ПЗУ Dental Excellence Group – Скопје Македонија)
12:30-13:00 Д-р Марина Столич ”Современ концепт на примена на хијалуронски импланти во естетската стоматологија” (Белград, Србија,Лиценциран интернационален едукатор од областа на естетската медицина и стоматологија од EMMA, European Masters in Aesthetic&Anti-Aging Medicine, 2010, Paris, France)
13:00-13:30 Д-р. Слободан Ѓеоргиев ”Реконструкција на мекоткивни структури со неинвазивни методи во периоралната регија” (ПЗУ- ДЕНТА ЕС – Скоје, Македонија, Лиценциран едукатор за хијалуронски филери и ботулински токсин во професионални цели)
13:30-14:00 ДИСКУСИЈА
14:00-17:30 СВЕЧЕН РУЧЕК

КОТИЗАЦИЈА -1 800 денари
Во котизацијата се вклучени:
– Предавања
– Стручен и рекламен материјал
– Свечен ручек
– Сертификат за учество акредитиран од СКМ (за пасивно учество – 8 бода, активно учество – 12 бода)

Курсевите се акредитирани со 10 бода за пасивно учество и 15 бода за активно учество

Уплата до 27.09.2013 година:
За членови на МСД (платена члeнарина во МСД за 2013 година) и специјализанти по орална хирургија : 1.800 денари
За останати учесници:- 2.200 денари
Уплата на жиро сметка: МСД- спец. по орална хирургија
ж-ска:300000002058764 депонент: Комерцијална банка АД Скопје