ИСТОРИЈА


Здружението на специјалисти по орална хирургија на Македонија е формирано во 1974 година како Секција за орална хирургија при МЛД ( Македонско Лекарско Друштво ). Секцијата тогаш ја сочинуваат 5 члена- специјалисти по орална хирургија а за прв претседател на секцијата со мандат до 1985 година е избрана Проф. д-р Теменуга Симовска.

Од 1985 до 1990 год за претседател на секцијата е избран Проф. д-р Југослав Стефановски, а во периодот од 1990 до 2010 година претседател на Здружението е Проф. д-р Јордан Јанев.

Во 2004 година Здружението на стоматолози на Македонија се издвојува од Македонското лекарско друштво и за прв пат се оформува самостојно Македонско стоматолошко друштво, а секциите прераснуваат во здруженија.

Секцијата за орална хирургија се регистрира како Здружение на специјалисти по орална хирургија на Македонија при Македонското стоматолошко друштво, а за претседател на Здружението е реизбран Проф. д-р Јордан Јанев. Во 1991година беше реализиран еден стручно-научен конгрес во Охрид, чиј домаќин беше ,,Удружење оралних хирурга Југославије,, – (УОХЈ) со седиште во Скопје во тој период. Претседател на УОХЈ со мандат од 4 год. (1988-1992год.) беше Проф. д-р Јордан Јанев.