Проф. Д-р Билјана Евросимовска, PhD
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Електронска пошта:
bevrosimovska@stomfak.ukim.edu.mk
Проф. Д-р Билјана Евросимовска, PhD е еминентен специјалист по
орална хирургија и доктор на дентални науки со богато клиничко и академско
искуство. Нејзиниот професионален развој започнува на Стоматолошкиот факултет во
Скопје, каде дипломира во 2002 година со забележителен успех и просек 9.80, за што е
одликувана со признанието „Најдобар дипломиран студент“ и Пофалница од Ректорот
на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Веднаш по дипломирањето, таа го започнува
својот професионален пат во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св.
Пантелејмон“, каде по неколкугодишно волонтирање, од 2008 година е во редовен
работен однос како специјалист и магистер по орална хирургија.
Академското издигнување на д-р Евросимовска е обележано со континуирано
истражување во специфични гранки на стоматологијата. Во 2006 година се стекнува со
титулата магистер на дентални науки, фокусирајќи се на матрикс металопротеиназите
кај хроничните периапикални лезии. Својата специјализација по орална хирургија ја
заокружува во 2007 година, додека во 2012 година успешно ја брани докторската
дисертација посветена на генетските полиморфизми кај одонтогените инфекции.
Нејзината посветеност на едукацијата се потврдува во 2007 година, кога е избрана за
асистент, 2020 научен соработник, а во 2025 како виш научен соработник на Катедрата
за орална хирургија при Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Како активен предавач и ментор, таа придонесува во теоретската и практичната
настава за студенти и специјализанти, со посебен фокус на третманот на заболувања на
плунковните жлезди и бенигните тумори во орофацијалната регија. Под нејзино
менторство, голем број студенти освојуваат престижни награди на меѓународни
конгреси, вклучувајќи го и првото место на 31-виот Интернационален студентски
конгрес во 2025 година. Истовремено, таа е сертифициран предавач за напредните PRF
(Platelet-Rich Fibrin) протоколи по методот на д-р Шукрун.
Научниот опус на проф. д-р Евросимовска опфаќа авторство на две монографии,
коавторство во странска стручна литература, бројни печатени трудови во странски и
домашни списанија и активно учество во научно-истражувачки проекти и конгреси во
земјава и странство. Таа е исто така меѓународно признат рецензент за влијателни
медицински списанија како Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences и Acta
Stomatologica Naissi. Покрај својата стручна експертиза, таа течно говори англиски и
германски јазик и поседува висока компјутерска писменост.
Проф. д-р Едвард Јанев
ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
Електронска пошта:
ejanev@stomfak.ukim.edu.mk
Проф. д-р Едвард Јанев е редовен професор и истакнат експерт во областа на оралната
хирургија и имплантологијата, вработен на Клиниката за орална хирургија при ЈЗУ
Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје. Својот
професионален пат го започнува на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира во 1995 година.
Неговата академска надградба продолжува со стекнување на титулата магистер по
стоматолошки науки во областа на оралната хирургија во 2004 година на матичниот
факултет во Скопје. Проф. д-р Јанев својата докторска дисертација на тема
„Импликација на континуираната антитромбоцитна терапија врз интраоперативното и
постоперативното крвавење при изведувањето на оралнохируршките интервенции“
успешно ја брани во 2012 година, со што се стекнува со звањето доктор на науки.
Меѓународното искуство и стручното усовршување се клучни столбови во неговата
кариера. Во периодот од 2003 до 2018 година, тој остварува континуирана едукација и
стручни престои во повеќе европски земји, вклучувајќи ги Турција, Франција,
Германија и Шпанија. Како стипендист на програмата NATO-TUBITAK, проф. д-р
Јанев реализира значаен научно-истражувачки проект на Клиниката за орална и
максилофацијална хирургија при Универзитетот во Анкара.
Денес, проф. д-р Едвард Јанев е препознаен како овластен едукатор и лидер на
мислење (opinion leader) за неколку водечки светски имплантни системи, како што се
MEGAGEN, IMPLA-Schutz Dental Group и BIO 3-Implant system. Неговиот научен
придонес е обемно документиран низ бројни домашни и меѓународни стручно-научни
трудови, публикации и истражувачки проекти кои ја унапредуваат современата
стоматолошка пракса.
Спец. Д-р Ана Гиговска Арсова
ЧЛЕН
Електронска пошта:
ana_gigovska@yahoo.com
Д-р Ана Гиговска Арсова е родена во Скопје во 1987 година. Основното образование го
завршува во (ОУ „Коле Неделковски“, а средното во СУГС „Јосип Броз Тито“) во
Скопје. Во 2006 година се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје, каде
дипломира во 2011 година (со просек 9.58) и во 2012 година се стекнува со работна
лиценца. Специјализацијата по орална хирургија ја завршува во 2019 година, а од 2020
година е докторанд на Школата за докторски студии по орална хирургија и
имплантологија (при УКИМ). Докторската теза под наслов “Компаративна студија на
клинички и имунолошки параметри кај импактирани мандибуларни трети молари
третирани со конвенционална и пиезоелектрична хирургија” ја брани во декември 2025
год.
Професионалната кариера ја започнува во ПЗУ Дента Нова 2012–2019, по што во 2019
се вработува на Клиниката за болести на заби и ендодонт. Од 2021 година работи на
Клиниката за орална хирургија и имплантологија при УСКЦ „Св. Пантелејмон“.
Во текот на својата стручна и научна работа активно учествува на симпозиуми,
конгреси, курсеви и работилници во земјата и во странство. Остварила професионални
престои на Клиниката за орална и максилофацијална хирургија при Универзитетската
клиника во Виена, Австрија AKH Wien (2012) и во MALO CLINIC Prague (2023) во
Прага, Чешка. Член е на Стоматолошката комора на Македонија, МСД, Здружението на
специјалисти по орална хирургија и имплантологија и Европската асоцијација за
осеоинтеграција (ЕАО).
Д-р Ана Гиговска Арсова е автор и коавтор на бројни трудови објавени во домашни и
меѓународни научни списанија, дел од кои се индексирани и со фактор на влијание.
Д-р Даниела Цветановска Стојчева
ЧЛЕН
Електронска пошта:
cvetanovska@vega.mk
Д-р Даниела Цветановска Стојчеваа
спец. по орална хирургија
2002 година завршила Стоматолошки факултет на УКИМ во Скопје, Македонија.
2004, 2005 – како стипендистка на ДААД, стручен престој во областа дентална имплантологија и протетика над импланти на Универзитетската клиника во Тибинген, Германија.
2010, 2011 – сертификат за ласерска стоматологија Fotona, Словенија во Скопје, естетска
стоматологија од DENMAT, САД во Скопје, и SYNERON, Израел во Израел.
2012, 2013 – регионален opinion leader за Er:YAG ласер од SYNERON, Israel, во кој период држи предавања и курсеви во Европа и Азија.
2013 – специјализија по орална хирургија на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.
2017-2019 – Претседателка на Имплантолошкото здружение на Македонија.
Работно искуство: 2007 – 2019 Етерна дент, Скопје
2019 Сопственик на ПЗУ ВЕГА Имплантологија и коосновач на ВЕГА за вашата насмевка, Скопје.
Фокус на работа: комплексни хируршки и протетски орални рехабилитации од почеток до крај, со посебен осврт на естетиката на забалото како целост.
2020 Членка на ITI (International Team for Implantology), МСД, DGI. Aктивно учествува во бројни научни и стручни активности во земјава и во странство.
