Со големо задоволство ве известуваме дека во сабота, на 17-ти мај во преубавата Струга, успешно го одржавме Симпозиумот на Здружението на специјалисти по орална хирургија и имплантологија.
Упатиме огромна и искрена благодарност до сите вас кои несебично учествувавте во неговата реализација и организација, како и до сите колеги и гости кои присуствуваа за да ги слушнат извонредните предавања на нашите еминентни експерти.
Вашето присуство, енергија и желба за знаење го направија овој настан навистина посебен.
Овој симпозиум уште еднаш докажа дека со заедничка работа, размена на искуства и континуирана едукација, ги поместуваме границите во нашата професија и го подигнуваме квалитетот на оралната хирургија и имплантологијата на уште повисоко ниво.
Со гордост гледаме кон иднината и веќе се радуваме на нашите следни заеднички успеси.
