На 17 мај 2025 година, во хотел “Монтана” во Крушево, ќе се одржи Симпозиум со меѓународно учество на тема „Менаџмент на компликации во оралната хирургија и имплантологија“, во организација на Здружението за орална и максилофацијална хирургија (ЗСОХИ).
Настанот ќе започне во 09:45 часот со регистрација, а потоа ќе следи поздравен говор од претседателот на ЗСОХИ, проф. д-р Даниела Велеска-Стевковска.
Програмата ќе вклучи излагања од врвни експерти од Македонија, Србија и Бугарија:
- Доцент д-р Симона М. Стојановиќ од Медицинскиот факултет во Ниш, Србија, ќе говори за оправданоста на укинување на антитромбозната терапија при оралнохируршки интервенции.
- Проф. д-р Тодор Узунов од Стоматолошкиот факултет во Софија, Бугарија, ќе зборува за дигиталниот пристап во денталната имплантологија.
- Проф. д-р Милка Клинчева ќе изнесе искуства за менаџмент на ризични пациенти при орално хируршки интервенции.
- Науч. сор. д-р Билјана Евросимовска ќе обработи тема поврзана со интра и постоперативните компликации во оралната хирургија.
Симпозиумот ќе заврши со панел-дискусија во 13:15 часот.
💡 Котизацијата за учество изнесува 1000 денари и се уплатува на жиро сметката на МСД-ЗСОХИ (300000005270337). Потребно е во пораката да се наведе: име, презиме и е-пошта.
