Прим. др. Мирјана Марковска Арсовска

Електронска пошта:

markovskamirjana@yahoo.com

 

Прим. др. Мирјана Марковска Арсовска, PhD e родена во Скопје каде го  завршила основното и средното образование со одличен успех. Се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје, како редовен студент и успешно го  завршува во 1998 година. Од 2002 година е вработена на Клиниката за орална хирургија при Стоматолошки клинички центар “Св. Пантелејмон“. Специјализацијата по орална хирургија ја запишува  во 2006 година, додека во 2009 година се стекнува со звањето специјалист по орална хирургија. Додипломските студии на Стоматолошкиот факултет  во Скопје ги завршува со успешна одбрана на магистерскиотот труд  во 2012 година, по што се стекнува со звањето магистер. Запишува докторски студии во 2016 година и со одбрана на докторска тема се стекнува со звањето доктор на науки од областа на оралната хирургија во 2019 година. Во 2019 година се стекнува и со звањето примарус. Активно ги користи англискиот и францускиот јазик. 

д-р спец. Славица Ѓурческа – Горјанска

Електронска пошта:

gorjanskas@gmail.com

ДСМУ Д-р Панче Караѓозов Скопје, отсек забни техничари Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје – Стоматолошки факултет

Се стекнува со лиценца за работа Работи во ПЗУ ВИТА ДЕНТ на која е и сопственик.

Специјализира на Клиниката за орална хирургија при Универзитетскиот стоматолошки клинички центар Св. Пантејлемон, Скопје

Се усовршува во областа на орална хирургија, имплантологија ,мекоткивна и регенеративан хирургија, микроскопска ендодонција во земјата и странство преку курсеви, работилници и стручен престој.

Администратор на правата ФБ група во Македонија -Македонски стоматолози, која ги третира современите протоколи во стоматологијата преку стручни постови.

Примариус д-р Спиров Ванчо

Електронска пошта:

spirov_v@yahoo.com

Примариус д-р Спиров Ванчо DDS, MSc, PhD, работи на Клиниката за Орална Хирургија и Имплантологија при Стоматолошкиот клинички центар “Св. Пантелејмон- Скопје” и е доцент на Факултетот за Медицински науки УГД Штип. Својата стручна надоградба од областа на имплантологијата ја обавува при Истанбулскиот Стоматолошки факултет на Клиниките за Орална и максилофацијална хирургија и Клиниката за имплантологија. Стручна едукација за Насочена имплантна терапија ја обавува на Факултетот за Дентална медицина при Hebrew University Hadassah School во израел. Автор и коавтор е на 68 стручно-научни трудови објавени во домашни и странски списанија. Во 2014 година е прогласен меѓу 100 најдобри доктори од страна на Министерството за здравство на Република Македонија. Добитник е на државна награда “Гоце Делчев” од областа на медицината и здраството за 2017 год. Д-р Спиров е член на Европската Асоцијација за Осеоинтеграција, член е на Македонско стоматолошко друштво и член на здужение на Орални хирурзи на Македонија.