Научен соработник

Вон. проф. Д-р. Даниела Велеска-Стевковска

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Електронска пошта:

daniela.veleska@gmail.com

Вон. проф. Д-р. Даниела Велеска-Стевковска е родена на 9.12.1976 г. во Скопје. На Клиниката за орална хирургија при УСКЦ ,,Св.Пантелејмон” се вработува во декември 2001. Специјалистичките студии по орална хирургија ги завршува во 2006 г., додека субспецијалистичките студии од оралната имплантологија ги завршува во октомври 2009. Магистрира во 2008 г., додека докторскиот труд успешно го одбранува на 11.04.2013 год. во Скопје, при што официјално е промовирана во доктор на стоматолошки науки во ноември истата година. Избрана е за помлад асистент на Катедрата за орална хирургија при Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2008 г., реизбрана е во звањето асистент во 2011 г. Во звањето научен соработник избрана е во април 2014 г., додека во звањето вон.професор е избрана во март 2019 г. Како автор и коавтор изработува околу сто труда, презентирани на домашни и меѓународни конгреси (BaSS). Зема активно учество и на студентските конгреси како ментор на студентски теми. Учествува во изработката на една монографија, еден меѓународен и еден национален проект, и дава свој придонес и во публикациите на Стоматолошкиот факултет во Скопје и публикациите на Стоматолошката комора на Македонија. Од ноември 2013 година е избрана за член на Управниот одбор и Научниот одбор на Здружението на орални хирурзи на Македонија, а од декември 2017 е и секретар на здружението, членка на Македонското стоматолошко друштво- МСД. Во март 2019-та година е избрана за вонреден професор на Катедрата за орална хирургија и имплантологија. Од јануари 2022 е избрана за претседател на ЗСОХ.

Прим. Д-р НАТАША ПИСЕВСКА ЧОЛАКОВА

Секретар на ЗСОМ

Електронска пошта:

n.pisievskacolakova@zsoh.com.mk

Д-р Наташа Писевска-Чолакова е родена во Скопје 1972г. Средно образование завршува во 1990 година и се запишува на Стоматолошки факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Дипломира 1995 година. Од 1997 работи на Клиниката за орална хирургија. Во 2003 година се стекнува со звањето специјалист по орална хирургија. Активно учествува на домашни и меѓународни стручни собири. Автор и коавтор е на повеќе стручни текстови во домашни и странски списанија. Освен орална хирургија поле на интерес и е периорална естетика со хијалуронски филери и тромбоцитно богата (PRP) плазма.

Науч. сораб. Билјана Евросимовска

ЧЛЕН

Електронска пошта:

bevrosimovska@gmail.com

 

Науч. сораб. Билјана Евросимовска дипломирала 2002 година, на Стоматолошкиот факултет во Скопје, со успех 9,80 како најдобро диломиран студент со доделена пофалница од ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Во 2006 го брани својот магистерски труд “Проценка на влијанието на матрикс-металопротеиназите кај хроничните периапикални процеси”. Специјалистичкиот испит од областа на оралната хирургија го положила 2007 година. На клиниката за орална хирургија се вработила 2008 година. Во 2012 година ја брани докторската дисертација “Влијание на полиморфизмите во гените на матрикс-металопротеиназите врз прогресијата на клиничката слика кај хроничните периапикални процеси и акутни одонтогени инфекции”. Во 2010 година е избрана за асистент на Катедрата по Орална хирургија при Стоматолошкиот факултет во Скопје. За научен соработник на Катедрата по Орална хирургија при Стоматолошкиот факултет во Скопје е избрана во 2020 година. Од досегашната публицистичка активност како автор и коавтор има објавено над 150 стручно-научни труд, од кои дел се во реномирани меѓународни списанија во базите на Web of science, SCOPUS, EBSCO. Активно се служи со англискиот и германскиот јазик. Стручно се усовршува во земјава и странство преку курсеви од областа на оралната и максилофацијалната хирургија (едукативни курсеви за фацијална траума под покровителство на Европската асоцијација на краниомаксилофацијални хирурзи), имплантологијата (“Oraltronic”, “ANKYLOS multi indicative conference”, “Duravit System-Italy”) и ласерската технологија (“Application notes of Er:YAG and Nd:YAG lasers in dentistry”). Со усни и постер презентации учествува на Балканските стоматолошки конгреси (BASS), како и на Меѓународните конгреси “Аполонија”, NUTRIKON. Своите стурчни искуства за работа со PRF протокол според Dr. Choukroun ги пренесува на колегите преку одржување на курсеви.

Д-р Анета Терзиевска

ЧЛЕН

Електронска пошта:

anetaterzievska@gmail.com

 

Д-р Анета Терзиевска е родена на 18.03.1978 година во Скопје. Средно образование завршува во МУЦ Д-р „Панче Караѓозов“ Скопје. На Стоматолошкиот факултет во Скопје се запишува во учебната 1995/96 година а дипломира 2003 година со просечен успех 8,51. Стручниот испит го положила пред испитната комисија на Стоматолошкиот факултет во 2006 година. Во 2008 година се вработува во Стоматолошкиот Клинички центар ЈЗУ „Св. Пантелејмон“ Скопје, на Клиниката за Oрална хрургија и Имплантологија.

Специјализацијата по Орална хирургија ја завршува во Февруари 2018 година здобивајќи се со звањето – Специјалист по Орална хирургија. Остварува голем број на обуки и континуирана едукација преку посета на симпозиуми, работилници, конгреси и стручни конференции како и вебинари во организација на Стоматолошкиот факултет, Стоматолошката комора на Република Македонија, Македонското стоматолошко друштво, Здружението на специјалисти по орална хирургија и други. Автор е и коавтор на стручни трудови презентирани на повеќе семинари во земјата. Во мај 2017, февруари 2018 и септември 2018 год, д-р Анета Терзиевска како едукатор на носителот на курсот, д-р Жаклина Менчева во соработка со Промедика ги организираат и одржуваат трите курсеви за Пародонтална хирургија под наслов: „Mucograft vs Слободен гингивален графт – третман на гингивални рецесии, видови на флапови“.

Д-р Зорица Ајдинска

ЧЛЕН

Електронска пошта:

zajdinska@yahoo.com

Д-р. Зорица Ајдинска
Стоматолошко одделение, ГОБ 8-ми септември, Скопје

• Доктор по Стоматологија Стоматолошко одделение, ГОБ 8-ми септември, Скопје

• Доктор по Орална Хирургија  Приватна пракса, во склоп на ГОБ 8-ми септември, Скопје

• Приватна пракса во сопствена ординација по орална хирургија

• Доктор по орална хирургија

Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Стоматолошки Факултет

• Дипломиран Доктор по Стоматологија Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Стоматолошки Факултет

• Специјализација, специјалист по орална хирургија