preloder

Здружение на специјалисти по орална хирургија на Македонија Zdruzenie na specijalisti po oralna hirugija na Makedonija zsoh зсох

Одбори >

Членови на оранизационен одбор

Д-Р ЕЛЕНА ВЕЛКОСКА
Електронска пошта : e.velkovska@zsoh.com.mk

Д-р Елена Велкоска е родена во Скопје 1989 година. Средно медицинско образование завршува во 2007 година во Скопје, отсек забен техничар и се запишува на Стоматолошки факултет при универзитет Св. Кирил и Методиј.  Дипломира 2012 година. Во 2018 година се стекнува со звање специјалист по орална хирургија и продолжува со обука во областа на имплантологија на British Academy of Implant & Restorative Dentistry (BAIRD) во Велика Британија. Автор и коавтор е на неколку стручни труда во домашни списанија. Редовно посетува и учествува на повеќе симпозиуми, конгреси, обуки и курсеви во областа на стоматологијата, оралната хирургија и имплантологија, каде го надградува своето знаење.

Д-Р ФИЛИП КОНЕСКИ
Електронска пошта : f.koneski@zsoh.com.mk

Д-р Филип Конески е роден во 1991 год. во Белград. Средно образование завршил во Битола во 2009 година, а Стоматолошки факултет на програмата за доктори по стоматологија во 2014 год. како најдобро дипломиран студент во генерацијата. Во 2017 год. ја одбранил магистерската теза со наслов „Ефектите на геранилгераниол врз меките и коскените ткива вклучени во бисфосфонатно-поврзната остеонекроза на вилиците (ин витро и ин виво студија)“ со што се стекнал со титулата магистер на стоматолошки науки. Во 2015 год. остварил студиски престој на Универзитетот во Тенеси, САД. Од 2016 год. е специјализант по орална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје, а од 2018 е докторанд на Клиниката за орална и максилофацијална хирургија на светски престижниот Универзитет Лудвиг-Максимилијанс во Минхен, Германија. Добитник е на наградата „13. Ноември“ на Град Скопје, како и на неколку други награди за истражувања на стручни конгреси. Автор и коавтор е на 15-тина научни труда во домашни и странски списанија. 

Д-Р АНА АНГЕЛОВСКА
Електронска пошта : a.angelovska@zsoh.com.mk

Родена на 18.02.1995год, во Скопје, Република Македонија. Завршено средно медицинско училиште на град Скoпје „Д-р Панче Караѓозов’’, каде се стекнува со звање стручен забен техничар. Во 2013/2014 год. запишана на  Стоматолошкиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” каде дипломира во 2018 година и се стекнува со звање доктор по дентална медицина. По дипломирање обавува стаж во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје. Од 2019 почнува да работи како приправник- доктор по дентлана медицина во ПЗУ Нова дентал груп.

Д-Р СТЕФАН АНАСТАСОВСКИ

2002-2006 ДСМУ Д-р Панче Караѓозов Скопје, отсек забни техничари
2006-2011 Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје – Стоматолошки факултет
2016- Специјализант на Клиниката по болести на устата и пародонтот при Универзитетскиот стоматолошки клинички центар Св. Пантејлемон, Скопје
2017 Префрлена специјализација на Катедрата за орална хирургија – Стоматолошки факултет во Скопје