preloder

Здружение на специјалисти по орална хирургија на Македонија Zdruzenie na specijalisti po oralna hirugija na Makedonija zsoh зсох

Одбори >

Управен одбор

Научен соработник д-р ГОРДАНА АПОСТОЛОВА
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Електронска пошта : g.aposolova@zsoh.com.mk

Д-р Гордана Апостолова е родена во Скопје на 6.6.1966 година. Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1989 година.Се вработила на Клиниката за орална хирургија како клинички лекар во 1997 година. Во 2003 година ја завршува специјализацијата по орална хирургија на Катедрата по орална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје.Магистрирала во 2011 година на тема „Промени на концентрацијата на глукоза во крв кај пациенти со контролиран дијабет при оралнохируршки интервенции”. Со степенот доктор на стоматолошки науки се стекнува во 2015 со одбрана на дисерацијата „Влијание на коскените маркери во проценка на минерализацијата на оралнохируршки коскени дефекти кај пациенти со diabetes mellitus”.Во 2017 година избрана е за претседател на Здружението на специјалисти по орална хирургија во склоп на Македонското стоматолошко друштво.Публицистичкиот опус опфаќа 60 научно-стручни трудови, учество во два проекти и две клинички студии и бројни коменторства на специјализанти по орална хирургија.Потесно поле на интерес и се оралнохируршки интервенции кај пациенти со дијабетес и пациенти со остеопороза на бисфосфонатна терапија.

Научен соработник д-р ДАНИЕЛА ВЕЛЕСКА - СТЕВКОВСКА
СЕКРЕТАР
Електронска пошта : d.velevska@zsoh.com.mk

Науч.сор.Даниела Велеска- Стевковска е родена на 9.12.1976 г. во Скопје. На Клиниката за орална хирургија при УСКЦ ,,Св.Пантелејмон” се вработува во декември 2001. Специјалистичките студии по орална хирургија ги завршува во 2006 г., додека  субспецијалистичките студии од оралната имплантологија ги  завршува успешно во октомври 2009. Магистрира во 2008 г., додека докторскиот труд успешно го одбранува на 11.04.2013 год. во Скопје, при што официјално е промовирана во доктор на стоматолошки науки во ноември истата година. Избрана е за помлад асистент на Катедрата за орална хирургија при Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2008 г., реизбрана е во звањето асистент во 2011 г. Во звањето научен соработник избрана е во април 2014 год. Како автор и коавтор изработува околу шеесетина труда, презентирани на домашни и меѓународни конгреси (BaSS). Зема активно учество и на студентските конгреси како ментор на студентски теми. Учествува во изработката на една монографија и дава придонес и во публикациите на Стоматолошкиот факултет во Скопје и публикациите на Стоматолошката комора на Македонија. Од ноември 2013 година е избрана за член на Управниот одбор и Научниот одбор на Здружението на орални хирурзи на Македонија, членка на Македонското стоматолошко друштво- МСД.

Д-р НАТАША ПИСЕВСКА ЧОЛАКОВА
ЧЛЕН
Електронска пошта : n.pisievskacolakova@zsoh.com.mk

Д-р Наташа Писевска-Чолакова е родена во Скопје 1972г. Средно образование завршува во 1990 година и се запишува на Стоматолошки факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Дипломира 1995 година. Од 1997 работи на Клиниката за орална хирургија. Во 2003 година се стекнува со звањето специјалист по орална хирургија. Активно учествува на домашни и меѓународни стручни собири. Автор и коавтор е на повеќе стручни текстови во домашни и странски списанија. Освен орална хирургија поле на интерес и е периорална естетика со хијалуронски филери и тромбоцитно богата (PRP) плазма.

Д-р САФЕТ ЗУФЕРИ
ЧЛЕН
Електронска пошта : s.zuferi@zsoh.com.mk

Др. Сафет Зуфери е роден во Гостивар во 1969 година. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1997. Во 1998 година ја основал ПЗУ ВиваДент во Гостивар во која работи и денес. Специјализирал на Клиниката за орална хирургија во 2010 година од кога ВиваДент е преименувана во специјалистичка ординација Вива Дент-Адеа.Поле на интерес: орална хирургија и имплантологија

Д-Р НИКОЛЧЕ МАРКОВСКИ
ЧЛЕН
Електронска пошта : n.markovski@zsoh.com.mk

Д-р Николче Маркоски е роден  на 12.12. 1984 година во Струга.Средно медицинско училиште завршува во Битола, отсек забен техничар.Стоматолошки факултет завршува на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2008 година. За време на студиите како член на Сојузот на студенти и меѓународната асоцијација на студенти по стоматологија, учествува во организација на повеќе интернационални конгреси на студенти по стоматологија.Специјалистичките студии по орална хирургија, ги завршува во 2014 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје.Во периодот од 2009-2010 година работел во приватна здравствена установа во Струга.Од 2011 година работи како доктор по општа стоматологија во ПЗУ Нова Дентал Груп во Скопје, а од 2016 година работи како орален хирург во Нова Дентал Хирургија.Редовно посетува повеќе обуки и курсеви од  повеќе области на стоматологијата, оралната хирургија и имплантологијата и редовноучествува на национални и меѓународни конгреси и симпозиуми од овие области.