Марија Пеева-Петреска на Стоматолошкиот факултет во Скопје дипломира во 1987 година а во редовен работен однос е од 1990 година на Клиниката за орална хирургија. Специјалистичкиот испит го положила во 1996 година.Магистерскиот труд (2002) и докторската дисертација (2007) од областа орална хирургија ги реализира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.Во континуитет остварува професионални стручни и научни престои во EUROMED CLINIC – Furth, Germany 2002; Mannheim, Germany 2002; Универзитетскиот Клинички Центар во Atlanta, USA “EMORY UNIVERSITY” – 2005; 2006 на Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија. Како член на домашни и интернационални професионални организации, д-р Пеева учествува на бројни европски и светски конгреси, симпозиуми и курсеви.Автор е и на две монографии, објавени во 2008 година. Првата “Коскени супституенти и биолошки медијатори за аугментација на дентоалвеоларниот скелет” е резултат на нејзината поблиска професионална преокупација и втората “Дентален менаџмент при оралнохируршки интервенции кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања” се однесува на современиот концепт на протокол за работа кај оваа група на ризични пациенти.Автор или коавтор е на голем број стручно-научни трудови публицирани или презентирани во земјата и во странство.
CV
CV