За Нас > Мисија

МИСИЈА

– Да се занимава со стручни прашања и да донесува стандарди и доктринарни ставови од областа на оралната хирургија и имплантологија

– Да организира и изведува едукација и стручно усовршување на своите членови со организирање на конгреси, симпозиуми, семинарски и секциски стручни состаноци

– Да соработува со релевантните институции во планирање на кадарот, специјализациите и постдипломските студии од областа на оралната хирургија и имплантологија

– Да ја следи организацијата и работата на здравствената дејност во рамките на својата стручна надлежност, а на соодветните органи и организации да им предлага мерки за унапредување и подобрување на организацијата на работа

– Да соработува со другите Здруженија при Македонското стоматолошко друштво во подрачјата на заеднички интерес

– Директно да комуницира и да се зачленува во европските и светските специјалистички здруженија и други стручни асоцијации